КОНФЕРЕНЦИЈА – ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: ПРЕДИЗВИК ИЛИ РЕАЛНОСТ

Ни претставува чест и големо задоволство официјално да го најавиме одржувањето на претстојната конференција „Дигитална трансформација во Македонија: предизвик или реалност, коja ќе се одржи на 27.09.2018 (четврток), во хотел Александар Палас, Скопје, со почеток од 11:00 часот.

Конференцијата има за цел да опфати и дискутира теми и прашања од областа на:

  • Internet of things
  • Security
  • Cloud Computing

МАСИТ по петнаесетти пат традиционално ја организира својата годишна конференција, како успешен собир на сите ИКТ чинители од земјата а и регионот, и во рамки на истата предвидено е да бидат присутни околу 200 учесници вклучувајќи ги: претставници од домашните ИКТ компании и компании од сите индустрии кои користат ИКТ решенија, претставници од државни институции и Министерства, претставници на донаторската заедница, професори и претставници на универзитетите кои образуваат ИКТ кадар, медиуми и други.

Повеќе детали за темите и говорниците можете да најдете во АГЕНДАТА.

Регистрациската форма за присуство на конференцијата е достапна на следниот ЛИНК.

*Присуството на Kонференцијата е бесплатно со задолжителна претходна регистрација

За сите дополнителни прашања или потреба од дополнителни информации ви стоиме на располагање (контакт лице Елена Столеска, elena.stoleska@masit.org.mk, 075 280 507).