Enterprise Europe Network – преку локална соработка до нови бизнис партнерств

 

 

 

Enterprise Europe Network во Македонија ја реализира својата мисија за поддршка на иновативноста и интернационализацијата на македонските МСП во тесна соработка со бројни локални чинители од претприемачкиот еко-систем. Преку различните механизми за локална соработка и партнерство, реализирана е поддршка на бројни македонски компании, особено на полето на настап на странски пазари и поврзување со партнери за долгорочна и вносна соработка.

Во таа насока, македонската мрежа соработува и со Стопанската комора на Македонија Турција, особено при организирањето на настапот на нашите компании на традиционалниот саемски настан Match4Industry Business Matching што години наназад се одржува во Коџаели, Турција. На настанот во 2017 година учествуваа шест македонски компании кои имаа можност да се презентираат пред бројните компании-излагачи и да остварат директни б2б средби. Како резултат на ова вмрежување, македонските компании потпишаа неколку договори за соработка со странски деловни партнери, а коишто ќе придонесат кон нивниот раст и развој. И на овогодинешниот настан во Турција се очекува учество на делегација од македонски компании заинтересирани за пристап до нови пазари или до нови производи и услуги за проширување на нивното портфолио и зајакнување на позицијата на постоечките пазари.

Enterprise Europe Network во Македонија, исто така, соработува и со Здружението на бизнис жени, заедно помагајќи им на македонските жени претприемачи да го зголемат своето интернационално работење. Како резултат на договорот за локална соработка, потпишани се неколку договори за партнерство на македонското здружение со слични организации од регионот и Европа, а остварена е и деловна соработка помеѓу македонските претприемачки и партнери од странство.

Мрежата ќе продолжи да соработува со локалните партнери и во следниот период. Предвидени се заеднички иницијативи и со Текстилниот кластер, со Македонската асоцијација на метална и електро индустрија, како и со Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија. Преку заедничките активности на поддршка, се очекува вклучените компании да го унапредат своето работење, како и да ја консолидираат својата позиција на македонскиот и на странските пазари.

 

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *