Pexels Oleg Magni 2058140

Македонска и холандска компанија остварија соработка

,,Ми се допаѓа креативниот аспект на нашата работа – секогаш постои можност за нови партнерства, иновативни идеи и отворање на нови хоризонти’’ – Сашка Митева

Сашка Митева, инженер за текстил со 13+ години искуство во модната индустрија редовно учествува на настани за вмрежување организирани од Enterprise Europe Network во Македонија. Можностите кои ги нуди Enterprise Europe Network како што се информации и советување, настани за поврзување со доверливи партнери како и добивање на информации за можностите за располагање на програмите и финансирање од страна на Европската унија им помагаат на македонските клиенти да ги претставуваат своите производи и услуги надвор од државата како и да стекнат потенцијални соработници на долг рок. Сашка како долгогодишен клиент на Enterprise Europe Network во Македонија учествува на многу настани барајќи нови можности во текстилната индустрија. Во својата работа секојдневно соработува со текстилни компании и независни дизајнери работејќи на специјален софтвер (Gerber Accumark) за изработка на обрасци.

Ако имате скица или примерок и треба да направите обрасци, ако имате шеми во програма и треба да ги претставувате, како и ако треба да креирате слоеви на модели за производство, експертизата која ја поседува Сашка може да ги замени сите чекори и да ви го понуди тоа.

Искуството кое го имаше Сашка со учество на виртуелниот настан за вмрежување Textile Connect 2020 и овозможи да направи соработка со холандска компанија каде клиентот по достава на скица од својата колекција доби шаблони изработени на специјален софтвер, кои подоцна беа пратени до клиентот назад на печатење и изработка на мостри за колекцијата.

Оваа соработка е само почеток на едно одлично партнерство помеѓу холандската и македонската компанија како продолжение на одличната комуникација започната виртуелниот настан за вмрежување Textile Connect 2020. Холандската компанија е модна агенција која овозможува дизајн, развој и производство со фокус на одржливи материјали. Поседува и приватна етикета со производи изработени од природни и одржливи материјали.

Секако се зависи од интересот на клиентот, во своето долгогодишно искуство Сашка има соработувано и со германски компании каде еден од клиентите бил заинтересиран за понатамошно производство во Македонија. Благодарение на добрата соработка  со конфекции од Македонија целото производство на моделите на оваа германската компанија сега се произведуваат овде.

Виртуелните состаноци дел Enterprise Europe Network ми даваат отворени хоризонти и можности за пронаоѓање на партнери за соработка од цела Европа. Преку мрежата и редовните билтени кои ги добиваме за текстилен кластер имам преглед на сите настани од секторот во кој работам и тоа ми овозможува промовирање на мојата работа и споделување на искуства со потенцијални партнери.изјави Сашка Митева.