СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА
Имплементираме проекти и истражувачки студии за зголемена социјална инклузија во општеството, со особен фокус на пазарот на труд, бизнис секторот и пристапот до вештини и едукација. Нашите активности се фокусираат на:
– Развој на социјалното претприемништво во земјата
– Вклучување на пазарот на труд на помалку застапените групи
– Тренинг програми за невработени лица
– Унапредување на вештините на целните групи како што се младите, жените, возрасните и лицата со хендикеп. Повеќе >>
ЛОКАЛЕН СОЦИО-ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
Соработуваме со локалните власти и останатите стејкхолдери при развојот и имплементацијата на локални развојни планови. Ја користиме нашата техничка експертиза при дизајн и имплементација на анализа на потребите за обука и на мерки за поддршка на економскиот развој. Заедно со нашите партнери работиме на:
– Истражувања и анализи на пазарот на труд
– Локални планови за вработување, вклучувајќи мерки за поддршка
– Креирање на социо-едукативни центри. Повеќе >>