Прирачникот за иновациски услуги се занимава со инфраструктурата на истражувачкиот и иновацискиот систем во Р. Македонија.
Улогата на организациите во овој систем е од огромно значење за трансформацијата на истражувачките резултати во иновации т.е. нови и успешно пласирани производи и услуги на пазарот. Овие актери не се занимаваат директно со истражувачка дејност.
Нивната функција е да овозможат функционирање на системот обезбедувајќи различни облици на поддршка и соработка со претпријатијата.
Прирачникот е наменет за малите и средни претпријатија (МСП) и истражувачки групи кои наидуваат на потешкотии при идентификацијата на адекватната институтција согласно нивните потреби. Ги опфаќа приватните и јавните организации во земјата кои на различни начини се вклучени во иновацискиот процес.