Фондација за Менаџмент и индустриско истражување
Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување е приватна непрофитна фондација основана во 2002 година со мисија да го поттикнува економскиот раст за доброто на сите. Концептот на одржлив развој со неговата економска, еколошка и социјална димензија преставува основа за реализација на нашата мисија. Нашите главни цели се:
– Поддршка на одржливиот економски раст и конкурентноста
– Придонес кон зголемено вработување и учење во општество засновано на знаење
– Промовирање на социјалната кохезија и благосостојба
– Заштита и унапредување на животната средина
Работиме во партнерство со македонските компании за да им помогнеме да се развиваат, иновираат и воспостават бизнис и технолошки партнерства на глобалниот пазар. На тој начин, го поддржуваме одржливиот економски раст, регионалниот развој и обезбедувањето на вработување. Го трансформираме знаењето и иновациите во можности за зголемена конкурентност и технолошко општество. Промовираме еко-иновации и ги трансформираме еколошките предизвици во бизнис можности. Иновираме и истражуваме за да го поддржиме растот на бизнисите и општеството.
НАШИТЕ ГЛАВНИ ОБЛАСТИ
Изведуваме истражување, технолошко базирани проекти, придонесуваме кон развојот на политики и обезбедуваме услуги за поддршка во следните главни области: економски развој, истражување & иновации, животна средина и општество.
Економски развој
Се стремиме да придонесеме кон економскиот развој на земјата преку поддршка на постојните бизниси и поттикнување на растот на нови бизниси. Со нашите услуги за поддршка на интернационализација и програмите за претприемништво и стручна обука имаме за цел да:
– Придонесеме кон развојот на македонскиот МСП сектор
– Го поддржиме развојот на претприемачкото општество
– Го промовираме доживотното учење, едукација и обука како основа за вработување и економски прогрес
Истражување & иновации
Долгорочниот економски раст има потреба од инвестиции во технологии, истражување и иновации. За таа цел имаме развиено концепти за истражување & развој наменети за:
– Поттикнување и промовирање на трансферот на технологии и иновации
– Поддршка на истражувањето и технолошкиот развој
– Подобрување на иновацискиот систем на национално и регионално ниво
Животна средина
Заштитата на животната средина претставува еден од најголемите предизвици на денешницата. Промовирањето на одржливиот еколошки развој и интелигентното користење на енергијата се едни од нашите цели. Ние ја поддржуваме зелената економија преку:
– Еко-иновации за генерирање на бизнис можности
– Услуги од областа на животната средина за справување со еколошките предизвици
– Заштита на животната средина преку енергетско ефикасни производи и практики
Општество
Социјалната кохезија преставува еден од основните двигатели на економскиот развој и одржливиот раст. Справувањето со дискриминацијата и социјалната ексклузија на пазарот на труд, како и имплементацијата на иницијативи за зголемено вработување и едукација после задолжителното образование, се дел од нашите приоритети. Се фокусираме на:
– Справување со социјалната ексклузија и дискриминација на пазарот на труд
Промовирање на родова еднаквост, интеграција и различност во општество за сите