Македонска иновативна апликација ќе го поддржува истражувањето на биотехнологии во Италија

SyNRG Software and IT Solutions  е реномирана македонска компанија за развој на напредни софтверски решенија и примена на најсовремени технологии. Специјализирана е во процесот на трансформирање на иновативни идеи во производи за глобалниот ИТ пазар. Компанијата нуди иновативни ИТ производи и услуги од различни области, како што се контрола во реално време, вештачка интелигенција, компјутерска графика со 3D алгоритми, и апликации за социјални мрежи.

SyNRG ја контактираше Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (ФМИР), еден од партнерите на EEN Македонија, со идеа за пронаоѓање на странски партнери за своите иновативни решенија. ФМИР го предложи брокерскиот настан Innovat&Match (6-7 Јуни 2012, Болоња Италија), како одлична можност за средби со фирми од различни европски земји и за промовирање на своите резултати и иновативни апликации.

Помеѓу потенцијалните партнери од EEN на настанот присуствуваше и Silvia Mari, поранешен истражувач во еден од водечките болнички комплекси во Ломбардија, која во 2011 година ја основаше фирмата R4R, компанија за истражување во фармацевтската индустрија. Италијанскиот EEN партнер FAST го поддржа учеството на R4R на настанот. Двете компании се сретнаа на настанот, разменија информации за нивните бизниси и цели и заминаа од настанот со првиот потпишан договор за адаптација на т.н. SNAP апликација, сопственост на SyNRG Software and IT Solutions, според потребите на R4R.

“Благодарение на Enterprise Europe Network  добив можност да ја најдам ИТ апликацијата која што ја барав,” вели Silvia Mari. “Убеден сум дека соработката со R4R ќе продолжи понатаму и ќе се прошири и во други области,” додава Љупчо Коцески, ко-оснивач на SyNRG Software & IT Solutions.

 

Read more