Posts

Изразете го Вашето мислење

Повратни информации од македонските МСП

Со поддршка на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ), македонската бизнис заедница може да се вклучи во процесот на креирање на политики на ниво на Европа преку учество во бизнис панели и т.н. Feedback услуги за генерирање на повратни информации од македонските МСП.

БИЗНИС ПАНЕЛИ
ЕИИЦМ во рамките на своето работење организира панели што ќе им овозможат на македонските деловни субјекти да го изразат своето мислење за различните европски директиви и регулативи со кои се соочуваат при своето работење на домашниот и европскиот пазар. Нашите согледувања ќе бидат доставени до Европската Комисија со што ќе се овозможи нејзино информирање за тоа како ЕУ легислативата влијае на македонските компании и ќе помогне во унапредување на процесот на креирање на политики и регулативи на европско ниво.

МСП FEEDBACK АКТИВНОСТИ
Дали ЕУ регулативите ви предизвикуваат одредени проблеми при вашето работење?
•    Дали се соочувате со потешкотии при исполнувањето на барањата од европските директиви?
•    Дали Вашиот бизнис се соочува со проблеми при влезот на одредени европски пазари?
•    Имате ли прашања поврзани со европските процедури на кои тешко го наоѓате вистинскиот одговор?
•    Дали постоечката европската легислатива, или недостатокот од одредени регулативи, го отежнуваат работењето на Вашето претпријатие на единствениот европски пазар?

Businessman leaning on desk, explaining to four colleagues sitting.

ЕИИЦМ како член на Enterprise Europe Network ви стои на располагање со своите услуги за брзо и проверено одговарање на вашите прашања, како и советодавни услуги од доменот на интернационализација на вашиот бизнис (стандарди, прописи, регулативи, даночни услови во различни европски земји и сл.).

Потешкотиите со кои се соочувате ќе ги проследиме и до Европската Комисија (ЕК) преку регистрирање во базата на случаи во т.н. Interactive Policy Making (IPM) Initiative – Иницијатива за интерактивно креирање на политики. ЕИИЦМ тимот ви стои на располагање со сите информации околу услугите за повратни информации до ЕК како дел од мрежата за поддршка на МСП –    Enterprise Europe Network.

 

 

Европски мисии за раст во Белгија, Грција, Италија и Шпанија

Мисиите за раст претставуваат иницијатива на Европската комисија организирани со цел да се поттикне растот и конкурентноста на европската индустрија како и интернационализацијата на малите и средни претпријатија (МСП).

Мисиите вклучуваат политички и бизнис средби како и дискусии од заеднички интерес од областа на претприемништвото и индустријата. Учеството во мисиите нуди можност за воспоставување на контакти со бројни претпријатија од различни земји како и со високи политички претставници од Европската комисија и локалните власти.
Како комесар за индустрија и претприемништво, потпретседателот на Европската комисија Антонио Таџани континуирано работи на промовирање на европската индустрија и МСП со цел полесно да ги надминат последиците од економската криза. Во мисиите за раст реализирани во периодот 2011-2013 предводени од еврокомесарот Таџани учествуваа 607 претставници од 425 претпријатија/деловни асоцијации од 26 европски земји.
Европската комисија го објави календарот на планираните мисии за 2014та година, фокусирани на неколку европски земји:
  •  Валонија, Белгија – 18 февруари 2014 (сектори: машинска индустрија, биотехнологија, логистика, креативни индустрии, итн.)
  • Атина, Грција – 10/11 март 2014 (агро-храна, прехранбена индустрија, биотехнологија, енергетика, туризам)
  • Неапол, Италија – 13/14 март 2014 (еко-градби, биотехнологија, енергетика, автомобилска индустрија, агро-храна, туризам)
  • Палермо, Италија – 27/28 март 2014 (агро-храна, интелигентна енергија, ИКТ, градежништво и  еко-градби, креативни индустрии)
  •  Севиља и Мерида, Шпанија – 3 и 4 април 2014 (подетални информации се очекуваат наскоро)

PeopleDiscussing_1

Повеќе информации околу програмата на наведените мисии, можностите за деловни средби како и за приоритетните бизнис сектори може да најдат на следниот линк:
За подетални информации околу учеството на претпријатија/претставници на деловни здруженија и останати организации од Македонија задолжен е Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ).
Контакт лице за мисиите за раст: Габриела Костовска Богоеска, gabriela@mir.org.mk (02 3077 008).

Интернационална конференција и деловни средби, 26-27.09.2013 Ниш, Србија

Интернационалната конференција „Женското претприемништво како можност за регионален економски развој”, организирана од Асоцијацијата на бизнис жени на Србија, има за цел да ги промовира најдобрите пракси во промоција и поддршка на женското претприемништво, како и да овозможи вмрежување на жените од бизнисот. На конференцијата се очекува присуство на бизнис жени од Југоисточна Европа како и од одредени ЕУ земји од останатите делови на Европа, кои ќе имаат можност да разменат искуства и да воспостават потенцијална деловна соработка.

Дво дневната конференција ќе се одржи на 26-27 Септември 2013та година во Ниш, Србија, со очекувани над 100 учесници.
Како дел од програмата, предвидени се и деловни средби за остварување на контакти и деловна соработка. Овој брокерски настан ќе овозможи преку пред-договорени средби изнаоѓање на потенцијални бизнис партнери од различни европски земји. Истиот е поддржан од страна на Enterprise Europe Network.

Зошто да се учествува?
Целна група на брокерскиот настан се МСП претпријатија предводени и управувани од жени.
– Главната цел на настанот е наоѓање на деловни партнери и можност за промовирање на бизнисите и технологиите развиени од страна на жени претприемачи
– Деловните средби овозможуваат надминување на регионалните бариери, остварување на бизнис соработка меѓу МСП од Јужна и Северна Европа
Претпријатија управувани/поседувани од страна на мажи се исто така добредојдени на деловните средби.

Сектори
Агробизнис и прехранбена индустрија
ИКТ
Текстил
Образование и консултантски услуги

Учеството на настаните е бесплатно, а за учесниците на конференцијата организаторот обезбедува и бесплатно сместување.

Рокови за пријавување:
15.08.2013 – За учество на целата конференција (онлајн форма за регистрација)
17.09.2013 – За учество на деловните средби – регистрација на интернет страницата на настанот http://womenentrepreneursb2b.talkb2b.net/
Лице за контакт во Македонија:
Габриела Костовска Богоеска,  gabriela@mir.org.mk

Секторска група Женско претприемништво при Enterprise Europe Network

Нова хоризонтална секторска група за женско претприемништво (WEG) на почетокот на 2013та година е формирана во рамките на Enterprise Europe Network. Групата има 30 членови од 15 европски земји, вклучувајќи ја и Република Македонија, со претставник од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување.

Првиот состанок на WEG се одржа на 18ти Март 2013 година во Унијата на стопански комори на Италија во Рим. Целта на оваа средба беше дефинирање на активностите на секторската група и утврдување на облиците на соработка со останатите 16 секторски групи на мрежата. На состанокот свое обраќање имаа и високи претстаници на Директоратот за претприемништво и индустрија при Европската Комисија.

network

Оваа група се фокусира на женското претприемништво од економски аспект и го третира повеќе како економски недоволно искористен потенцијал, а не како прашање на родова еднаквост. Целта е да се направат напори постоечките услуги на Enterprise Europe Network да се насочат во поголема мера кон жените во бизнисот заради унапредување на нивните бизниси во сферата на иновативноста, конкуретноста и интернационализацијата.

Read more

Македонска иновативна апликација ќе го поддржува истражувањето на биотехнологии во Италија

SyNRG Software and IT Solutions  е реномирана македонска компанија за развој на напредни софтверски решенија и примена на најсовремени технологии. Специјализирана е во процесот на трансформирање на иновативни идеи во производи за глобалниот ИТ пазар. Компанијата нуди иновативни ИТ производи и услуги од различни области, како што се контрола во реално време, вештачка интелигенција, компјутерска графика со 3D алгоритми, и апликации за социјални мрежи.

SyNRG ја контактираше Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (ФМИР), еден од партнерите на EEN Македонија, со идеа за пронаоѓање на странски партнери за своите иновативни решенија. ФМИР го предложи брокерскиот настан Innovat&Match (6-7 Јуни 2012, Болоња Италија), како одлична можност за средби со фирми од различни европски земји и за промовирање на своите резултати и иновативни апликации.

Помеѓу потенцијалните партнери од EEN на настанот присуствуваше и Silvia Mari, поранешен истражувач во еден од водечките болнички комплекси во Ломбардија, која во 2011 година ја основаше фирмата R4R, компанија за истражување во фармацевтската индустрија. Италијанскиот EEN партнер FAST го поддржа учеството на R4R на настанот. Двете компании се сретнаа на настанот, разменија информации за нивните бизниси и цели и заминаа од настанот со првиот потпишан договор за адаптација на т.н. SNAP апликација, сопственост на SyNRG Software and IT Solutions, според потребите на R4R.

“Благодарение на Enterprise Europe Network  добив можност да ја најдам ИТ апликацијата која што ја барав,” вели Silvia Mari. “Убеден сум дека соработката со R4R ќе продолжи понатаму и ќе се прошири и во други области,” додава Љупчо Коцески, ко-оснивач на SyNRG Software & IT Solutions.

 

Read more