Конкурс за доделување грантови на граѓански организации во областа на претприемништвото

Мрежа за поддршка на млади претприемачи

распишува

К О Н К У Р С

за доделување грантови за финансирање на програми и проекти на граѓански организации во областа на претприемништвото за млади за 2015 година

 Краен рок за поднесување пријави: 20 април 2015 година, 16:00 часот

1.       Цели и приоритети на конкурсот

Општа цел на конкурсот е поттикнување на претприемачката култура кај младите лица и креирање на услови за непречен раст и развој на малите бизниси на локално ниво.

Приоритетни области

Предложените активности треба да се фокусираат на една од дефинираните приоритетни области на кои се базира Акцискиот план на Мрежата за поддршка на млади претприемачи:

Приоритет 1 – Претприемачко учење и тренинг

Приоритет 2 – Промовирање на стимулирачка средина за раст и развој на претприемништвото

Приоритет 3 – Успешни претприемачи и таргетирање на маргинализирани групи

1.1    Основни информации

Фонд за финансирање: Вкупниот фонд за проекти во рамки на конкурсот изнесува 1.476.000 денари (24.000 евра). Преку конкурсот ќе се обезбеди поддршка за локални проекти на граѓански организации во максимален износ од 3.000 евра по проект.

Времетраење и локација: Краткорочни локални проектни активности во времетраење од 1 до 4 месеци. Проектната активност треба да биде имплементирана во регионот каде организацијата е регистрирана и работи.

Каде и како да ги испратите формуларите за аплицирање: Формуларот за предлог проекти заедно со буџетот на проектот треба да се испратат на info@yes.org.mk со назнака „Конкурс за финансирање проекти за младинско претприемништво“.

 

1.2. Критериуми за квалификуваност

Апликантите во рамки на конкурсот треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

  • Да бидат правни лица регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија најмалку 2 години (апликантите треба да достават доказ за регистрација, копија од тековна состојба или решение);
  • Да се регистрирани како здруженија на граѓани или фондации според законот за здруженија и фондации;
  • Да имаат искуство во полето на младинското претприемништво и/или економско јакнење на младите лица;
  • Да бидат одговорни за подготовка и менаџирање на проектната активност.

Апликантот може да учествува самостојно или во партнерство со една или повеќе организации.

Апликантот има право да учествува само со еден предлог проект.

Апликантот не смее да биде партнер во друг предлог проект.

Апликантот може да добие само еден грант од конкурсот за финансирање.

 

Во прилог следат сите релевантни документи за конкурсот:

Конкурс за доделување грантови (целосен текст)

Анекс А – Образец за пријавување

Анекс Б – Буџет на проект

Анекс В – Договор за грант

Анекс Г – Наративен извештај

Анекс Д – Финансиски извештај

Сите заинтересирани организации кои сакаат да поднесат апликација за овој повик може да учествуваат на Инфо денот, што ќе се одржи на 15-ти април 2015 година и да постават прашања во врска со Конкурсот. Информации за пријавување на Вашето учество се достапни тука.

За дополнителни информации може да се обратите на: info@yes.org.mk и/или 02 31 03 660.